Информации за испорака

Испораката на вашите нарачки се врши преку дистрибутивната мрежа на Ин Пошта Радески ДООЕЛ Скопје и истата се врши до секое населено место во Република Македонија. 

Цената за испорака на производите не е назначена на самите производи и истата се доплаќа според ценовникот на Ин Пошта Радески ДООЕЛ Скопје кој ја врши испораката.

Ова не важи за производите кои се со назначени со БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА, за кои не се врши доплата на поштарината.

Доколку изберете опција плаќање при испорака, на износот може да биде додаден дополнителен износ за оваа услуга од страна на поштенскиот сервис кој ја врши испораката.

Во формирање на цените за испорака се зема во предвид тежината и волуменот на производот и локацијата за испорака.

Доставата на нарачаниот производ се врши во рок од 2-3 работни дена од денот на нарачката вклучително и сабота, а производот ќе ви биде доставен до влезот на станбениот објект каде е адресирана испораката.

Доставата не се врши во недела и во денови кои се прогласени за неработни (државни и верски празници).


Други информации

Секоја ваша нарачка пред да биде испорачана е уредно и безбедно спакувана за да не може да дојде до оштетување на истата. Нарачателот е должен да го провери примениот производ веднаш откако ќе му биде доставен и доколку увиди било каков недостаток или оштетување на истиот должен е веднаш да пријави на лицето кое ја доставило пратката и на администраторите на VADRAPRODUKT.MK

Сите пратки се осигурени од губење и оштетување при испорака до секоја адреса согласно законот за поштенски услуги. При преземањето на пратката Нарачателот е должен да ја потпише испратницата од доставувачот и да задржи еден примерок од истата како потврда за реализираното преземање.

Доколку имате потреба од повеќе информации слободно контактирајте не на  389 2 2050-317 / 389 2 2050-318 или на email info@vadraprodukt.mk