За Нас

Вадра Продукт е компанија во приватна сопственост која е основана во 1990та година. Низ годините бележи постојан и стабилен развој. Првиот чекор на компанијата беше продавница за резервни делови, лоцирана во населбата Ѓорче Петров во Скопје. Со текот на времето, истата се разви во магацин за продажба на големо на резервни делови за товарни моторни возила, кадешто денес се наоѓа главното седиште на компанијата.Во 1998та година во близина на аеродромот Петровец се изгради уште едно продажно место кое овозможи проширување на дејноста. Внесовме продажба на градежни материјали и земјоделска механизација. Со постојано инвестирање во текот на годините и посветена тимска работа, ова продажно место се разви во продажен центар од 11000m2 кој е потврда за нашиот стабилен и континуиран развој.Денес Вадра Продукт располага со огромна палета на производи од градежни материјали, земјоделска механизација, водовод и одвод, железарија, електрика, резервни делови за товарни моторни возила, масла, алат и и алатки, бои и лакови, градинарска опрема, ХТЗ- опрема, домаќинство и играчки. * Од Август 2014та година, продажниот центар Петровец стартуваше со продажба на безалкохолни и алкохолни пијалоци. Тука можете да најдете ракија и вино со одличен македонски квалитет од винарските визби на Стоби, Повардарие, Тиквеш и Сковин. Ја имаме и познатата мастика на Грозд, или пак може да се освежите со Златен Даб, Скопско, Amstel или Heinеken.